Триесет и шестгодишната жена, жртва на семејно насилство, која ги уби својот сопруг и свекорот во семејната куќа во Кратово доби правна помош и адвокатска канцеларија која ќе ја застапува Pro bono во случајот и на судскиот процес.

Сe rработи за многу ситна жена која сè уште има траги од критичниот ден. Сметам дека ниедно семејство не треба да го помине ова што го помина обвинетата и нејзините малолетни дечиња. Ни претстои долга правна битка, вели за „Телма“ адвокатот Христијан Георгиевски.

Адвокатот Георгиевски и неговиот тим веќе поднеле жалба да се замени мерката притвор. Од полицијата во Скопје Куманово и Кратово како и од центрите за социјална работа побарале комплетна документација за сите досега поднесени пријави од осомничената како и против неа. Неколку соседи веќе се пријавиле како сведоци, а не откриваат дали е побарано психијатриско вештачење и дали во моментот на кривичното дело таа била физички нападната и од свекорот.

Сега осомничената стапува во брак во 2011 година и се сели во Кратово кај сопругот со кого има две малолетни деца. Физичките и психички тортури почнуваат по раѓањето на двете деца, и често се случувало пред нивните очи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.