Костадин Ацевски е назначен за в.д.директор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје. Ацевски доаѓа на местото на Беким Мемеди, кој исто така беше вршител на должност на оваа позиција.
Ацевски беше пратеник во претходниот собраниски состав, а кратко време потоа беше в.д. директор на Управата за хидрометеоролошки работи.
На крајот од минатата година беше избран за член на Извршниот одбор на СДСМ.
Сепак, Ацевски во јавноста најпознат стана по скандалот од пред две години, кога се зборуваше дека си ја претепал сопругата и ѝ се заканувал дека ќе ѝ ги земе децата:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.