Наставниците и стручните соработници се најважната алка во реализацијата на воспитно-образовниот процес, затоа Министерството за образование и наука вложува максимални напори за достоинствено вреднување на нивниот труд и директна поддршка. На оваа важна тема и продолжување на досегашната успешна соработка, на работен состанок, разговараа министерот за образование и наука Јетон Шаќири и претседателот на СОНК Јаким Неделков, соопшти МОН.

Како што информира Министетството, Шаќири на средбата истакна дека синдикатот останува силен партнер на МОН во спроведувањето на сите реформски процеси со кои, меѓу другото, е предвидено и јакнење и унапредување на наставниот кадар.

Министерството за образование и наука посветено и континуирано се залага за вреднување на трудот на наставниците, а тоа го предвидуваме и во законските измени кои се во собраниска процедура. Економската и правната сигурност на наставниците за Владата е на врвот на приоритети за што е подготвен закон со кој се гарантираат овие права на наставниот кадар и стручните соработници – соопшти МОН.

Како што се наведува во известувањето, на средбата, претседателот на СОНК Неделков изразил задоволство од досегашната соработка со Министерството за образование и наука и најави дека и во иднина синдикатот ќе го продолжи дијалогот со претставниците од МОН.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.