Првиот човек на Синдикатот на образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, вечерва во „Топ тема“ на Телма рече дека подготвуваат кривични пријави против повеќе директори на градинки кои го попречувале штрајкот на членовите на СОНК, кој започна денеска.
„Најавивме кривични пријави на секој оној што ќе се обиде да го попречи организирањето и спроведувањето на штрајкот. Во образованието немавме такви изразени случаи и тоа јавно го кажавме. Но, во градинките имаше. Веќе се подготвува една кривична пријава за директорка на градинка во Битола. Веројатно ќе има и други кривични пријави за директори во градинки. Ние предупредивме и на вчерашната прес конференција дека е сериозен прекршок да се попречува организирање и спроведувње на штрајк, рече Неделков.
Претседателот на СОНК додаде дека успешноста на штрајкот не се мери преку масовноста, туку преку резултатите кои тој ќе ги донесе.
„Ние не сме популистички синдикат, ова што го правиме го правиме во интерес на членството, а од тој аспект сме задоволни“, вели Неделков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.