Со 48 гласови „за“, 36 „против“ и еден воздржан, Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Кривичниот законик.

На гласањето му претходеше расправа во која опозициските пратеници изнесоа остри критики, обвинувајќи дека власта ги носи овие законски измени за да ги амнестира оние што го прекршиле законот. Како што истакнаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, и во овој случај се злоупотребува европското знаменце. Но, според заменик министерот за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ која им реплицираше, од вкупно 38 члена во законските измени и дополнувања, 35 се со директивите на ЕУ.

За да нема забуни и дилеми зошто Законот е со европско занаменце, нагласувам дека предвидува 38 члена од кои 35 се со директивите на ЕУ. Вчера кога го давав Предлогот зошто треба да биде со европско знаменце и по скратена постапка, напоменав дека целта е усогласување со европското законодавство, изјави Аврамовска-Мадиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.