Само со СДСМ на власт, на тендер од 767 илјади евра не се јавува ниту една голема градежна фирма, туку само фирма, блиска до партијата и нивен кандидат за градоначалник. Фантастични 767 илјади евра за чистење на одронот на автопатот Миладиновци – Штип, тежи работата која што Македонија пат ја става на тендер, а на него се јавува само Стентон градба од Битола, фирма блиска до власта и до кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ, Христо Кондовски – коментираат од ВМРО-ДПМНЕ
Тие прашуваат како е можно на тендер за градежни работи – чистење на одрони, кои треба да се изведуваат на патниот правец Миладиновци – Штип, околу кој гравитираат општините Штип, Свети Николе, Куманово и цело Скопје да не се јави ниту една фирма од овие општини, туку фирма од Битола, во соработка со фирма од Тетово.
-Не се работи за програмирање, услуги, или друг вид на работа за која не е важна оддалеченоста помеѓу местото на работа и седиштето на фирмата, се работи за градежни зафати за кои е важен и регионот на изведба кој игра улога во цената. И на ваков тендер, со оваа сума не се јавила ниту една фирма од поблискиот регион, туку само Стентон градба од Битола.
Како само Стентон градба е заинтересиран за тендер од 767 илјади евра? И како е дојдено до сумата од 767 илјади евра за обично чистење на одрони и засекување на одредени делови?
ДКСК и ЈО да не чекаат да дознаваат понатамошни информации од медиумите и да отворат случај веднаш – додаваат од опозицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.