Денеска започнува долгонајавуваната седница на Собранието со единствена точка пристапување кон измена на Уставот. Извори на ВМРО-ДПМНЕ за „Република“ брифираат дека е повеќе од јасно дека власта нема потребни 80 пратеници за отворање на Уставот што е првиот чекор во сложената процедура.

Еве како ќе оди процедурата

Откако спикерот на Собранието ќе ја отвори седницата ќе се пристапи кон гласање на дневниот ред за што се потребни 61 пратеник кој власта секако ги има. Сите пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, на Левица и Павле Трајанов ќе гласаат против. Со тоа на лице место ќе се види дека власта ги нема потребните 80 пратеници.

Потоа ќе се отвори расправа на која се очекува да пријават речиси сите пратеници од власта, како и од опозицијата. Тоа може да трае со денови, но не повеќе од десет колку што предвидува Деловникот.

Со завршување на десетиот ден за расправа кои не мора да бидат последователно спикерот може но не мора да свика точка за гласање на потребата за отворање на Уставот. Тоа може да одолговлекува технички до последниот ден на овој собраниски состав.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.