Владата на денешната седница ја именуваше Кристина Јоакимовска за в.д. директор на ЈП Службен весник на Република Македонија.

Како што пренесуваат од Владата, на денешната, 129-та владина седница, по точката за кадровски прашања Владата донела одлука да го разреши Владимир Кроневски од должноста директор и да ја именува Кристина Јоакимовска за в.д. директор на ЈП Службен весник.

Кроновски доаѓа од Демократски сојуз на Павле Трајанов, кој одлучи да ја напушти владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.