Никогаш не сме биле подалеку од ЕУ рече вчера една од најпосветените евро посветени експертки, што сакам да кажам на дневен ред е разрешување на министри. И наместо премиерот да образложи зошто разрешување, тој збореше за перспективата на Македонија во ЕУ. Антиевропски е да се зборува сите во владата кои се за ЕУ. Ако сите се во Владата јас прашувам кој е опозиција, јас велам народот. Во ЕУ се коалицира врз основа на идеологија, а не врз основа на бизнис интереси. Во Македонија е коалиција секој со секого, рече Гордана Силјановска Давкова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Собранието на која се расправа за разрешување на министри.

Силјановска праша што ги врзува партнерите во коалицијата?

Бизнис интересите. Разрешување и именување на министри во последната година се прави само за да се поентира или поради некој скандал, во спротивно оваа не е пракса, посочи таа.

Силјановска апелираше до премиерот Димитар Ковачевски: „Премиере, волшебници да ви се овие што ќе ги вклучите за една година не може да се адаптираат, а не да сменат нешто“.

Пратеничката се осврна и на Алијанса за Албанците.

Што се однесува до колегите од Алијанса, морам да кажам дека се плашам дека можеби ќе се соочат со истото како оние од Алтернатива. Не е европејството што ги влече во Влада, мислам само дека биле прагматични, или ако не можеш да ги победиш придружи им се, но тоа не е можно во држава што може да се наречен дуистан. Тие зборуваа за опасноста од дуизација. Кажуваа дека и животите им се загрозени, а што прават сега, заклучи Силјановска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.