Во среда, на 7 декември истекува мандатот на судијата Вангелина Маркудова. Уставниот суд апелира Собранието да ги избере и останатите судии, информира денеска портпаролката на Уставниот суд Христина Беловска.

Како што појасни таа, еден предлог треба да дојде од страна на Судскиот совет, односно тој да биде избран од редот на судиите.

Со завршувањето на мандатот на судијата Маркудова, Уставниот суд ќе функционира со шест судии. Останува Собранието на Република Македонија да избере уште тројца судии на Уставниот суд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.