Денес (01.12.2022) во 18:00 часот, во Ragusa360 – Rooftop, ќе започне младинската политичка конференција на тема „Западниот Балкан во контекст на безбедносните и економски предизвици предизвикани од кризата во Украина”.

Настанот е во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, ЕДС (Европски демократски студенти) и фондацијата Конрад Аденауер.

Пред започнување на политичката конференција ќе бидат дадени изјави за медиуми на кои ќе се обратат:

Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ;
Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.