Кој ќе седне во фотелјата на Радмила Шеќеринска? Иако првичните информации одеа во насока дека најсериозни кандидати за нов министер за одбрана се Љупчо Николовски, вицепремиер за антикорупција, и Катерина Ставревска, која го водеше кабинетот на се уште актуелната министерка Радмила Шекеринска, сепак, партиски извори за Фокус брифираат дека во потесна конкуренција се уште две лица.
Според неофицијалните информации на Фокус, еден од кандидатите за оваа функција е пратеничката Славјанка Петровска, која порано му беше шеф на кабинет на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а по неговиот избор за технички премиер во пржинската владата, Петровска беше дополнителен заменик-министер за внатрешни работи.
Исто така, како што посочува партиски функционер, во комбинација е и Магдалена Несторовска, која моментално е државен секретар во МВР, додека порано беше во одбрана и извесен период советник во Општина Карпош, кој претставува матичен општински комитет на новиот лидер на СДСМ и иден премиер Димитар Ковачевски.
Покрај одбрана, најголема неизвесност има околу новиот министер за правда, откако веќе сигурно е дека министерот Бојан Маричиќ ќе биде нов вицепремиер за евроинтеграции. Како што веќе објави Фокус, Ковачевски сака на оваа позиција да предложи непартиски кадар од академската заедница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.