По првичниот силен земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтер, во Грција следуваа уште два земјотреси со интензитет од 3,5 и 4,2 степени според Рихтер.

Вториот земјотрес (3,5 степени) бил на 19 километри од Битола, додека пак третиот (4,2 степени) беше на 10 километри од Лерин.

Земјотресот се почувствува во цела Македонија, но Битола е вистински погодена.

Битолчани за Република сведочат дека во куќите, но особено во зградите распукале ѕидовте, па планираат ноќта да ја минат под отворено небо.

Долго траеше и многу силно тресеше. Во мојата зграда во неколку стана се испукани ѕодовите. Јас и семејството веднаш слеговме, не знам каква е ситиацијата во мојот стан, вели Верица за Република.

 

И жителите на Ресен и од Прилеп исто така објаснуваат дека земјотресот бил силен и долг, а имало и тресење на работите во нивните домови, објави Телма.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.