„Освен политичкото самоубиство, лидерите на СДСМ и ДУИ ја убија и европската иднина на Македонија. Песимистсум дека ќе може да направат уставни измени.“ – изјави лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

Тој потенцира дека „бруталното прекршување на договорот, што го постигнале во 2021 година со поранешниотпремиер Зоран Заев ја натерало Алтернатива да ја напушти власта“.

Во интервјуто за ТВ Алсат лидерот на Алтернатива Гаши нагласи дека е „залудно додворувањето од премиерот.

Димитар Ковачевски“ и дека „сораб.отката со СДСМ е дефинитивно завршена“. Гаши рече дека договорот меѓу СДСМ,ДУИ и Алијансата бил многу затворен и оти немал информации што се случува. „

Тие го затворија процесот и немаа храброст да ни кажат дека е сè завршено.“ – нагласи тој.

Зборувајќи за обвинувањата на неговиот поранешен сопартиец Скендер Реџепи-Зејди дека Алтернатива ја напуштаВладата само поради Министерството за здравство и оти тој сега останува единствен претставник на гласачите наАлтернатива во Владата, Гаши одговори дека Реџепи не бил дел од договорот за владеење.

„Во моментот кога влеговме во Владата и Ковачевски и Заев знаеја дека разговараме со тројца пратеници, еденпратеник се договори на своја рака со Заев. Значи тој пакет и овој договор е потпишан за тројца пратеници. Тие добро знаат“ – укажа лидерот на Алтернатива Африм Гаши.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.