Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши смета дека тоа што неговата партија повеќе не е дел од Владата, остава лоша порака. Тој рече дека договорот меѓу СДСМ, ДУИ и Алијансата бил многу затворен и оти немал информации што се случува.

-Сепак, мислам дека сме испратиле многу лоша порака и јас се согласувам дека со овие турбуленции што ги правиме на политичката сцена сите ние како политичка елита оставаме многу лош впечаток и ја убиваме надежта на граѓаните, младите и затоа луѓето бегаат од земјава. Сме создале држава каде никој не стои до принципите, кажа синоќа Гаши во гостувањето на емисијата „200“ на Алсат ТВ.

 

Гаши е песимист околу уставните измени и продолжување на европскиот пат на земјата, додавајќи дека „Ковачевски и Ахмети, освен политичкото самоубиство, ја убиле и европската иднина на државата“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.