Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека Албанија ја тресе скандал за проневера на повеќе од 100 милион евра во Албанија, заедно со скандал од повеќе од 250 милиони евра во Македонија.

❗️Албанија деновиве ја тресе најголемиот скандал во последните 10 години. Скандал во кој покрај албанските бизнисмени и функционери се вплеткани сегашни и бивши функционери од нашата држава. Скандал за проневера на повеќе од 100 милион евра во Албанија, заедно со скандал од повеќе од 250 милиони евра во Македонија.

❗️ Станува збор за јавно приватно партнерство за стерилизација преку која шема од Македонија за 13 години треба да се испумпаат не помалку од 250 милиони евра во период кога нашите болници се распаѓаат, докторите се одселуваат, а специјализантите молат за основните права. Овој криминален тендер го склучи Венко Филипче, го надгради со анекси Беким Сали, а за денес Владата на ДУИ и СДСМ се обидува да смогне сили да го имплементира.

❗️ Во Албанија веќе се уапсени две лица од специјалното обвинителство.

• Сопственикот на главната компанија, односно сопственикот на истите компании кои го добија тендерот и во Македонија

• Бившиот заменик министер за здравство

• По други 6 лица се издаени потерници

❓️ Затоа ја прашуваме власта да одговори на следните прашања:

1. Има ли некој страв во власта од имплементирање на договор кој е со пробиени рокови повеќе од една година и дали се свесни дека истото претставува кривично дело

2. Дали некој од власта не стравува дека може да заврши на црната листа САД знаејќи дека истиот криминален договот беше нотиран во извештајот на Стејт Департментот за Албанија за 2022 година како крајно коруптивен

3. Дали ке се провери замешаноста на бившиот директор на државна стерилизација и неговото помагање на овој криминал, ако знаеме сега дека токму тој е новиот директор на приватниот партнер.

❗️ ❗️ Часновникот почна да отчукува. Останува да видиме дали на први септември официјално ќе почне со испумпување на 250 милиони евра кон албанско-македонското кримнално здружение со седиште во Мајчин дом, стои во нивниот пост на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.