Фондот за здравство на Република Македонија во 2018 година праќал пациенти кои добиле конзилијарно мислење дека треба да им се пресади коскена срцевина во Германија на лекување, но не ги подмирил фактурите за извршените здравствени услуги во германската болница, иако срцевината била пресадена, а пациентите го завршиле болничкиот третман и биле уредно испишани, пишува „Слободен печат“.
За само еден случај, односно за еден пациент за којшто „Слободен печат“ поседува документација за извршените болнички услуги во Германија, болницата побарува над 30 илјади евра и го тужи Фондот за здравство зашто четврта година тој не платил целосно за лекувањето.
Тој не е единствениот пациент за кој ФЗОМ има тужби, а за кои се таложат камати од илјадници евра, кои повторно ќе паднат на плеќите на државниот буџет, кој со ваквото неажурно постапување е оштетен. За побарување за друг пациент пак од 21 илјада евра болнички трошоци, каматата е пет илјади евра, невклучувајќи ги судските трошоци.
Целиот текст тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.