Полицијата утрово е во домот на претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, откако тој пронашол куршум во неговиот двор, дознава „Oрa24.тв“. Куршумот, како што се сомнева Таравари, е заканувачка порака до него, по последните превирања во партијата, кои ескалираа вчера.

Прво поранешниот претседател, сега претседател на Централното собрание на АА Зијадин Села, како што пренесоа извори на „Алсат“ со придружуван од полиција го узурпирал седиштето на партијата во Тетово. Подоцна оттаму тој преку прес-конференција објави дека свикува седница на ова партиско тело за в сабота на која ќе се бара одговорност за претседателот на партијата, Таравари. Рече дека и покрај одлуката на партиските органи за АА да оди самостојно на парламентарните избори, Таравари решил да оди спротивно на ова по вчерашната објава на Фејсбук во која побара поддршка за АА да оди на избори заедно со опозициските партии на Албанците.

Претходно беше објавено дека Таравари, кој јавно побара партиските органи да донесат одлука за настап со албанската опозиција на претстојните избори, за 24 часа собрал потписи за поддршка од 80 од вкупно 133 члена колку што брои Собранието на партијата.

Доцна вечерта пристигна и вест дека Таравари, придружуван од приврзаници, извршил напад врз директорот за управување на одземен имот Дритон Небиу од истата партија. Небиу бил со семејството и пријатели во тетовски ресторан кога бил нападнат со кундак.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.