Денес потпретседателот на Судски совет и го одзеде зборот на претседателката на Советот и продолжи да ја води седницата, па ја разреши спротивно на Закон и Деловник, а сите молчат!, објави револтирано професорката на Правниот факултет во Скопје, Ана Павловска Данева.

Утре може да се случи првиот (или вториот, третиот…) вицепремиер да му го одземе зборот на премиерот и да продолжи да ја води Владата!
Сите пак ќе молчат! И него ќе го пуштат низ вода. Битно нивните функции, паушали, хонорари да останат нечепнати, реагира професорката.

Вчера Весна Дамева беше разрешена од функцијата претседателка на Судскиот совет по тензична седница на која откако таа одби да стави точка на гласање која ја немаше во дневниот ред нејзиниот заменик Селим Адеми повика на гласање, пришто седум члена го поддржаа.

По што тој констатира дека Дамева е разрешена и во нејзино присуство го презеде раководењето со седницата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.