Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, го потценува и не го почитува работното искуство на професионалците во МВР, а тоа е така бидејќи како партиско подобен за началник во Сообраќајна Полиција при СВР Скопје го поставил шоферот на поранешниот премиер – Зоран Заев, обвинува синдикатот на полицијата.

Имено ваквиот „избран кадар” не може да се случи во транспарентна постапка, туку само кога функционира тесно партиска и фамилијарна линија преку давање предност како и во овој случај кога е дадена поради спрегата помеѓу возач со поранешен премиер и воедно зет за ќерка на поранешниот директор на БЈБ – Лазе Велковски, пишуваат тие на Фејсбук.

Оттаму, тие го прашуваат Спасовски дали послушните партизирани комисии за унапредување и распоредување и ноќе работат ама со посебен терк од оној законскиот и дали се функционира на пример од кога ќе им се јави моќен функционер веднаш истите се должни да постапат по желби и амбиции на шофери и зетовци, а кој во МВР со функции се стекнуваат од само по некоја година работен стаж и без доволно работно искуство од позиција (помлад полицаец).

Бараме од Министерот за внатрешни работи да ни одговори, како стана началник на Сообраќајна Полиција во Скопје, (зетот) од скандалот со службено возило со кое се возеше ќерката на директорот на одмор во Грција (Евридики) и дали тој знае кој беше Возачот.

Непријатно е секојдневно да се слушаат обвинувања како кога се критикува полицијата за слободно шетање на криминалци со украдени возила низ центарот на Скопје, и по кое освен за ова сега и се повлекуваат многу други прашања од поради поставени неискусни избрани партиско подобни кадри, и кои секој може да ги види како по притискање на дугме истите функционираат, од бидејќи и се согледува кога по потреба и се активираат само кога некој друг тоа ќе го посака.

Да го потсетиме исто така врвното раководство на МВР, постојат законски постапки кои треба да бидат исполнети а кои шоферот/ зетот ги нема исполнето.

Понижувачки е за сите вработени да се гледа како се назначуваат и унапредуваат преку ноќ вакви кадри и во областа од безбедност на патниот сообраќај а кои како партиски послушници и самите незнаат што да работат, и кое се виде додека им се движат со украдени возила криминалци по центарот на Скопје!

Министерот Оливер Спасовски ветуваше професионализација на полицијата, но праксата да се унапредуваат лица без да ги исполнуваат условите кои ги налагаат систематизацијата и законите продолжува, стои во објавата на Синдикатот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.