Краткотрајно невреме од дожд  попладнево го зафати реонот на Градско и околните населени места како и реонот на локалитетот Стоби.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи -Велес, во невремето е паднато едно дрво  на регионалниот пат Велес-Градско кај село Виничани.

Патот е во реконструкција поради што немало попречување на сообраќајот,но сепак  екипи на Македонија пат   брзо реагирале и за кратко време го отстраниле паднатото дрво од патот, појаснуваат од ЦУК Велес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.