Во ЕУ ќе бидеме почитувани и рамноправни ако сме построени и уредени според Копенхашките критериуми. Ако имаме независното судство, ако се почитуваат правата и слободите, ако имаме европско образование, а не факултети кои се „фабрики за хартија“, па имаме повеќе доктори на науки по глава на жител од Британија.

Ова го изјави претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, во емисијата Вин-Вин на ТВ Телма.

Според неа, истовремено менувајќи ги работите и европеизирајќи се, ние ќе наидеме на подобар однос и подобар одговор.

Таа смета дека ова со уставните измени „апсолутно не држи“, и дека ЕУ ќе ни стави вето и, како што кажа, „ќе добиеме не знам колку вета поради непочитување Копенхашките критериуми“.

Во ЕУ треба да сте компатабилни истовремено, а не глорифицирајќи ја ЕУ. Правејќи ја догма, и истовремено менувајќи ги работите односно европеизирајќи се, ние ќе наидеме на подобар однос и на подобар одговор. Тоа што велат ако не го смениме Уставот ќе бидеме аут, колку пати ние всушност ги почнавме преговорите – прво ги отпочнавме преговорите во авион, па до почнати преговори во Солун со изјави на некогашниот премиер, па Преспански договор, дали сте за членство во ЕУ и НАТО прифаќајќи го Преспанскиот договор, тоа е илузионизам – оценува Силјановска-Давкова.

Таа смета дека со соседите треба да се разговара со аргументи.

Кога велам јас дека треба да се разговара со соседите, со аргументи, на што мислам. Соседите треба да ги признаваат европските врендости. Дали не е европска вредност да се почитуваат пресудите од Стразбур. Каква е таа држава чиј судија суди од Стразбур, а не признава пресуди од Стразбург што важат за неа – вели Силјановска-Давкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.