Во првата претседателска дебата пред вториот круг на ТВ21, кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова изјави дека треба „да има попретцизни одредби“.

Господинот Пендаровски ги кажа роковите, да така е, 10 дена за претседателот, 20 дена за оној што ќе се обиде односно за мандатарот со програмата и со министрите што можам јас да кажам дека не се прецизни одредбите што се однесуваат на давањето мандат, треба да има попретцизни одредби така вели компаративното уставно право освен тоа во некоја идна измена претседателот треба да има можност исто така бидејќи има голем изборен легитимитет да некому од предложените кандидати за министри да рече дека нема да го прифати, изјави Силјановска Давкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.