Како Куманово да нема градоначалник, па кумановците Оливер Спасовски и Димитар Ковачевски есен на друг си беа домаќини во родниот град. Се вратија во школските клупи од кои потекнуваат. Но, не на годишнината од матура, туку овојпат патот (пи-арот) ги наведе до основното училиште „Браќа Миладиновци“.

Се гледа дека се пресреќни додека ги вртат дневниците седнати во прва клупа.

Во ООУ „Браќа Миладиновци” во Куманово ги поминав најубавите училишни денови, а денеска сум повторно во клупите на предновогодишно дружење заедно со учениците од 8-2 одделение, да ги споделиме искуствата од овој многу важен период во детскиот развој и да поразговараме за нивните идни планови во делот на понатамошно образование.
Догодина училиштето одбележува значаен јубилеј, 70 години од своето постоење и работење. На мое големо задоволство, на 30 август годинава како Влада донесовме одлука со измени на програмите за капитални инвестиции на МОН оваа година да обезбедиме околу 15 милиони денари со кои ќе се реконструира кровот на објектот во кој се лоцирани училиштата „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ каде поради дотраеност при неповолни временски услови се попречува наставата.
На осмооделенците од Браќа им посакав успешен крај на првото полугодие и многу здравје, радост и успеси во Новата 2023 година, со уверување дека како Влада сме секогаш тука за нив, да обезбедиме квалитетно образование, бидејќи тие се иднината на државата, напиша Спасовски.

Работната посета на Куманово ја искористив за да го посетам основното училиште „Браќа Миладиновци” во кое што учев. Се потсетив на моите детски и безгрижни денови поминати во училишниот двор и во училишните клупи, големо и прекрасно беше изненадувањето што ме дочека мојата класна раководителка.
Покрај забавата, дружбата и китењето елки, големо беше задоволството да се разговара и со младите сили, со учениците од 8 одделение кои имаа многу прашања за мене, за Владата, но и за решавање на нивните проблематики и интереси, додаде Ковачевски.

Додека двајцата ѝ се радуваат на класната и се сложија дека основното образование е темел врз кој луѓето го градат целиот живот, особено професионалниот, децата зад нив на фотографиите учат „кај е север кај е југ“ од погрешните учебници дистрибиурани од нивната Влада.

Несомнено од училиштетот излегле со нешто поднаучено, но за жал со многу позаборавено.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.