Од моментот кога беше објавен првичниот француски предлог за надминување на бугарската блокада на Македонија во ЕУ, ткн. Протокол односно записникот од вториот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија стана една од клучните точки во анализите за (не)прифатливоста на предлогот. Во последната верзија на францускиот предлог која ја објави и македонската влада, Протоколот повеќе не се споменува директно во Преговарачката рамка. На негово место сега се зборува за „годишни прегледи и мерки за ефективна имплементација според Членот 12“. Членот 12 алудира на Договорот за добрососедство кој Македонија и Бугарија го потпишаа во 2017 година.
Во недостаток на официјален документ од македонска страна, Дојче Веле го презема и преведе Протоколот кој бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска го испрати до Комисијата за надворешна политика во Софија, во пресрет на нејзиниот настап пред истата на 23 јуни годинава.
Османи притоа рече дека засега нема да ја обелоденува содржината на Протоколот пред македонската јавност, објаснувајќи дека сака најпрво самиот да ја објасни неговата содржина.
ДВ пишува дека Членот 12 има два става. Првиот го регулира формирањето на заедничка меѓувладина комисија. Вториот предвидува таа комисија да одржува редовни годишни средби со цел „ефективна примена на Договорот“, примена на мерки за подобрување на билатералната соработка, како и решавање на спорни прашања.
Но, Протоколот и натаму си наоѓа место во документите на ЕУ поврзани со интеграцијата на Македонија. Најпрво, тој се споменува во Изјавата за одржувањето на првата Меѓувладина конференција, во делот посветен на регионалната соработка и добрососедските односи каде, во точката 14, се поздравува „договорот за Протоколот од вториот состанок на заедничката меѓувладина комисија(…) Овој важен чекор ќе придонесе кон добрососедските односи и регионалната соработка, кои остануваат главни елементи на процесот на проширување како и на процесот за Стабилизација и асоцијација“. Протоколот се споменува и во предлог-заклучоците до Советот на ЕУ со истата формулација како и во Изјавата цитирана погоре.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи на петочниот брифинг со медиумите потврди дека Протоколот, или Записникот од состанокот кој тој го имаше со бугарската колешка Теодора Генчовска во Скопје на 4 јуни, се уште не е потпишан од македонска страна. Засега нема информации кога тоа ќе се случи, но извесно е дека ќе биде набрзо со оглед на фактот што неговата верификација од двете земји веќе се наведува како завршена работа во документите на ЕУ. Поточно, неговото потпишување е наведено како услов за одржување на првата (политичка) меѓувладина конференција меѓу Скопје и Брисел.
Целиот текст тука
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.