Преговорите за пристапување на Албанија и Македонија во Европската унија мора да започнат што е можно поскоро, бидејќи секое одложување ќе ги направи земјите од Западен Балкан ранливи на надворешни влијанија, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

„И на Германија и на Шведска им е јасно дека ЕУ мора да продолжи со институционалните реформи за да стане способна за проширување“, рече Шолц на прес-конференција по средбата со шведската премиерка, Магдалена Андерсон, а пренесува агенцијата „Ројтерс“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.