Масовните протести на кои граѓаните секојдневно гласно кажуваат НЕ за францускиот предлог и понатамошното бугаризирање и распродажба на Македонија, ќе продолжат утре – недела од 19 часот пред зградата на Владата во Скопје.
Вчера под мотото „Ултиматум – Не благодарам“, граѓаните блокираа повеќе патни правци низ земјата.
Овде нема партии, нема поделеност само народ кој се бори за своите правдини. Тука сме сите заедно да кажеме не и не, истакна Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ кој ја предводеше блокадата на патот Велес-Штип кај Сарамзалино.
Тој рече дека ова што сакаат да го направат Бугарите е директно мешање на внатрешното уредување на Македонија поради тоа што сакаат да го измениме Уставот, да ги смениме историјата и учебниците.
И покрај притисоците и обидите за предизвикување на насилни протести и инциденти, излезноста на протестите во текот на целата недела беше огромна.
Во меѓувреме, владата го испратила на разгледување предлогот во Собранието, но оттаму одолговлекуваат негова расправа, со надеж дека народот ќе попушти и подзаборави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.