Претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села смета дека Отворен Балкан ризикува да стане тројански коњ на Путин на Балканот, а своето тврдење го поткрепува со тезата дека „Србија толку отворено политички и економски соработува со рускиот агресор“.

Освен Белорусија, Србија беше единствената европска земја која не ја поддржа резолуцијата што Албанија и САД ја доставија во Советот за безбедност на ОН за запирање на руската агресија врз Украина, истакна Села во своето видување на кризата во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.