Жалам и што власта ја оттурна секоја моја подадена рака за национално единство. И станува беспредметно да барам национално единство од оние кои секогаш попуштаат само да си ја спасат кожата и останат на власт и потклекнуваат на секое неразумно барање што некој ќе ни го испорача, вели Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ.

Затоа единствената брана на тој план е ВМРО-ДПМНЕ, јас и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои ја имаат мојата безрезервна поддршка. Секој еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кој денес е во Собранието ја има неповторливата можност да стане вистински трибун на народот и да ја поправи сликата нагрдена од разно разни минати пратеници кои правеа нечесни договори на грбот на народот, на грбот на Македонија.

Верувам дека оваа генерација на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата заедно со мене, со раководството на партијата го носи најголемиот товар да не попушти пред сите притисоци и убедувања за уставни измени затоа што не смееме да го разочараме народот, смета Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.