Нема да се толерира злоупотреба на службени возила за приватни цели и за да бидат јасно препознатливи за граѓаните, ќе воведеме специјални регистарски таблици за службени возила – ова е едно од ветувањата во програмата на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните парламентарни избори, насловена Платформа #1198.

Како што најави Мицкоски се планира мечирање (споредување) на бази на податоци за проверка на имот и спречување на корупција, со што ќе се направи проверка на имотниот статус за сите граѓани.

И јас со моето семејство се пријавувам да бидам прв меѓу нив – рече Мицкоски.

5.000 денари поголема пензија за сите пензионери во рок од една година од формирањето на новата влада, вети Мицкоски.

Тој даде збор на лицата со попреченост дека новата програма ќе им динесе подобро утре.

Вработување на лица со попреченост во јавните институции, за децата со попреченост ќе се продолжи грижата на асистентите и во средното образование и бесплатни спортски активности -рече Мицкоски.

Понатаму додаде:

Жената е центар на нашето внимание и затоа посебно внимание посветуваме во делот на формирање на десет центри за поддршка и згрижување на жените – жртви на насилство.
Финансиска поддршка за мајките кои што се во работен однос најмалку една година за прво родено дете ќе добијат поврат на данокот на личен доход за една година, за второ дете ќе имаат поврат на данокот од две години, а за трето дете ќе има поврат на данокот секоја година се додека највозрасното дете не стане полнолетно.
Ќе ја вратиме мерката Обезбедување дом за млади (Купи куќа за млади), со цел помагање на младите брачни парови и со тоа подобрување на состојбата на демографијата.
Секое дете во градинка и да нема повеќе листа на чекање, и во секоја општина да има место во градинките е уште една мерка во насока на зголемување на бројноста на семејствата.
6 бесплатни ИН ВИТРО оплодување без разлика на економскиот, социјалниот статус на на потенцијалната родилка, нешто што до сега не беше возможно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.