Коментирајќи ја вчерашната изјава на Стево Пендаровски, кој рече дека неговите деца не би ги пуштил во студентски дом, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека глупавоста и неспособноста на претседателот шокираат.

Јас колку што се сеќавам дури и тој беше универзитетски професор едно време. Чинам дека до вонреден професор дојде ако не се лажам. Замислете сега, ако педагог дава таков глупав пример, тогаш можете да замислете до каде е глупавоста и неспособноста која шокира. И да не нѐ чуди после граѓание кога ќе видат политичари им се згрозува затоа што имаат изгубено секаква верба во било кој политичар тука. Тука зборувам и за политичарите од опозицијата вклучувајќи ме и мене затоа што луѓето кога перцепираат генерално перцепираат и многу малку може да направат разлика дали си ти на власт, имаш инструменти и институции за да ги менуваш работите или си опозиција, затоа што едноставно нивните очекувања се големи. А кога гледаат вакви политичари чија што глупавост шокира, тогаш ситуацијата останува таква каква што е, односно за сите политичари граѓаните имаат ниско мислење. Затоа е важно да има час поскоро парламентарни избори и да покажеме дека може поинаку, рече денеска Мицкоски.

Мицкоски посочи дека секако би ги пуштил неговите деца во студентски дом, но најважно е да се види што може да се направи за студентите да имаат подобри услови, бидејќи тоа го има во програмите на сите политички партиии и треба да се постигне заеднички консензус.

Да, да апсолутно. Но, не станува збор дали тука би ги пуштиле или не би ги пуштиле, туку ајде да направиме нешто добро за тие деца таму. Колку повеќе навлегуваме во таа глупавост што шокира на власта и владините политичари, толку повеќе и ние се навлекуваме на таа реторика. Ајде да видиме да ја смениме сега малку реториката и да видиме што можеме да направиме за тие деца. Ако ги погледате програмите на политичките партии ќе видите дека секоја политичка партија се залага за студентски град, студентски центар, студентски домови и често пати ни викаат дали вие политичарите можете да постигнете консензус околу една работа. Е па ајде еве сега е предлог буџетот пред пратениците. Ајде да постигнеме консензус, да ги реновираме студентските домови на студентите. Да постигнеме еден таков консензус и средствата кои што Бесими ги наменил за тендери во четири очи кои што треба да бидат дел од таа таканаречена зелена агенда да ги пренасочиме за студентите, вели тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.