Договорот за гранично управување попознат како Фронтекс е потпишан на македонски јазик без фусноти, без ѕвездички, без никакви додавки и забелешки, без нејасни формулации, велат од СДСМ, додавајќи дека тоа е ветувањето кое претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски го даде и „што е поважно го исполни во целост“.
Јасно и гласно, во официјални изјави, на сите европски лидери, на претставници на меѓународната заедница, прецизно се употребува терминот „македонски јазик“. Целото европско законодавство се преведува на македонски јазик. Македонскиот јазик е рамноправно застапен, заедно со сите други европски јазици, во Европската Унија. Со потпишувањето на овој документ на врвно рамниште се издигнува статусот на службената употреба на македонскиот стандарден јазик. На овој начин гордо ги заокружуваме заложбите на нашите претходници за еманципација на македонскиот јазик и македонската култура на европско рамниште, велат од СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.