123 функционери на власта криеле имот, Ковачевски наместо да ги разреши бара изговори, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде потенцираат дека 30 милиони евра имоти се скриени.

Функционерите именувани од влада имале законска обврска да го пријавата својот имот во ДКСК, а ДКСК требало да постапат доколку тие не пријавиле. Директори на централни институции, членови на Управни и Надзорни одбори со месеци, а некој од нив и со години не поднеле анкетни листови до ДКСК. Дел од функционерите фатени во аферата „Тајни имоти“, како адвокатот Ивица Јевтиќ и Алберт Муслиу признаа дека не го пријавиле својот имот. Со ова паѓаат во вода обидите на ДКСК и Ковачевски да ги релативизираат случаите.Очигледно е дека се работи за системско прикривање. Случајност може да има кај неколку, но не и кај стотина. Институциите кога се во прашање граѓани, кои не се функционери на власта реагираат веднаш. А, кога се работи за луѓе од власта законите не ги применуваат, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат ДКСК наместо „да си го девалвира и онака разнишаниот кредибилитет“, да поднесе пријави за сите функционери кои не поднеле анкетни листови, а Ковачевски да ги разреши.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.