СДСМ ја поздравува одлуката на огромно мнозинство пратеници во македонското Собрание и им честита на сите граѓани, се вели во статусот напишан на официјалната Фејсбук страна на СДСМ.

-Историската одлука на македонското Собрание значи продолжување на европскиот пат на државата и членство во ЕУ како Македонци со чист македонски јазик. Победници со оваа одлука се сите граѓани, затоа што е обезбедена нивната европска иднина којашто ја заслужуваат, за којашто се определние и за којашто се залага оваа државва уште од нејзината независност. Усвоените заклучоци значат безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара. Значи остварување на уште една стратешка определба, стратешки интерес на сите наши граѓани, без разлика на етничка или верска припадност. Без разлика на деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ, победници се граѓаните, затоа што со неа им ја обезбедуваме европската иднина, иднината на младите, со заштитен идентитет. Не успеаја црните сценарија и обиди за дестабилизација. Македонската иднина е европска, со македонски јазик, култура, идентитет, истакнуваат од владејачката партја.

За оние кои во изминатите неколку дена направија класична злоупотреба за сопствени партиски цели на еден исклучително важен, државнички процес нека им суди историјата, додаваат од таму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.