ВМРО-ДПМНЕ реагира на се уште не изгласаните закони со кои ќе се продолжи рокот на патните исправи. Велат не дека не е познато на граѓаните, организирање на свечености со труби по тунели, еве сега имаме втор дел, свеченост за пристигање на обрасци за пасоши.

Место пратениците на СДС и ДУИ, да се одважат и да им помогнат на граѓаните, со гласањето во Собранието, за продолжување на рокот на пасошите, тие се решија свечено да ги примат обрасците, на граничниот премин Богородица, со сите почести.

Додека граѓаните чекаат решение, кое може да се донесе веднаш во Собранието, со кое ќе се ослободат 600 илјади луѓе од отворен затвор, тие си играат мајтап со нив на граница.

Оваа финална етапа на власта во паѓање, е права слика, за нивното цело владеење во овие 7 години. Место решенија, гола пропаганда и неспособност.

Никогаш не било полошо!

Важно е да ги поразиме!- велат од ВМРО-ДПМНЕ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.