Владата предводена од СДСМ и надлежните институции, остварија сериозен напредок во борбата против криминалот и корупцијата, велат од СДСМ, додавајќи дека потврда за тоа е и Индексот на корупција на Транспаренси Интернешнл каде Македонија има напредок од 24 места.

Најдобро рангирање на нашата држава во последните шест години. Се наоѓаме на 87 место со 39 индексни поени, во 2020 година бевме рангирани на 111 место со 35 индексни поени. Во однос на регионот исто така имаме најголем напредок, а на листата на Транспаренси зад нас се Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, велат од СДСМ.

Додаваат дека во Извештајот на Транспаренси јасно се наведува дека гонењето функционери од власта е една од причините за напредок во борбата против корупцијата.

Ова, е показател за успешноста на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ пред се успешната реализација на Планот за борба против корупцијата и реформите во правосудството. Напредокот на листата на Транспаренси Интернешнл е дополнителен мотив да продолжи процесот на реформи преку дигитализација на процесите за исклучување на човечкиот фактор во процесите, реформа на правосудството, зголемување на професионализацијата на институциите и јакнење на интегритетот на носителите на јавните функции. Како одговорна, државотворна партија, преку Владата и институциите што ги предводи, СДСМ останува посветена на бескомпромисна и неселективна борба против секаков вид на корупција и криминал, велат од СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.