Граѓаните на Куманово се оставени сами на себе да се снаоѓаат за превоз, реагираат од СДСМ, поранешната партија на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, кој на локалните избори настапи како самостоен кандидат. Според СДСМ, надлежните инспекциски служби се повикани да го истражат работењето на Димитриевски.

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски во предизборната паника да го одржи пактот со ВМРО-ДПМНЕ за да го одржат на власт, заборава да распише тендер за јавен градски превоз, реагираат од СДСМ од каде велат дека постапката за избор на превозници ќе трае подолго време, бидејќи ќе има жалби.

Додаваат дека Димитриевски ја започнал постапката со јавен оглас на 14.12.2021, а доколку истата беше отпочната пред локалните избори, според СДСМ,  немаше граѓаните да се соочат со овој хаос во јавниот градски превоз.

Максим Димитриевски, кој претходно 4 години беше градоначалник на Куманово како кандидат на СДСМ, беше исклучен од владејачката партија, откако тој најави дека на локалните ќе оди како независен кандидат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.