СДСМ да не се обидува да го попречува правото на штрајк, наместо закани да ги исполни барањата на наставниците, бараат од ВМРО ДПМНЕ.
Синдикатите имаат право на штрајк, а наставниците и вработените во градинките право да бараат тоа што со закон им следува. Платите во образованието треба да се усогласат со Колективниот договор, и на нивелирање на коефициентот на сложеност на работните места според растот на минималната плата, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Според најголемата опозициска партија, барањата на синдикатите не се нереални, туку сето тоа ги следува и власта наместо да ги игнорира и да го попречува штрајкот, да ги реализира нивните барања.
ВМРО-ДПМНЕ одамна излезе со пресметка дека покачување е можно, и дека е потребно усогласување на платите согласно Колективниот договор.
СДСМ не сака да им даде поголеми плати на наставниците, за да има повеќе за матни тендери и договори во милионски суми за функционерите како Ден Дончев, Рашковски, Зекири, Филипче, Ковачевски, и сите други.
Пари за поголеми плати има, само треба да престане да се крадат, се вели во партиското соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.