Министерот за здравство Беким Сали вечерва си заминал од снимање на интервју во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ, објави Плусинфо.

Извори во телевизијата велат дека Сали имал закажано интервју во „Заспиј ако можеш“, коешто требало да биде снимено во 20 часот, а да биде емитувано вечерва во 22.30 часот. Министерот, согласно со договорот со неговиот кабинет и новинарската екипа на „Заспиј ако можеш“ , бил пречекан од новинари на Алфа ТВ во 19.30 часот, но во 19.45, наводно навреден од односот кон него, си заминал пред да се сними интервјуто.

Интервјуто било договарано од петокот, поканата била прифатена дури денеска попладне, а пред да дојде во Алфа ТВ, од кабинетот на Сали биле побарани прашања, по што биле испратени дел од прашањата.

Ова е прв случај некој министер да дојде во некоја телевизија и да си замине пред интервјуто да биде снимено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.