На тоа лидерската дешаванка вчера да не спомна некој дека уставното право на нашите деца се крши? Ејјј учебници немаат децата – порача Мерсиха Смаиловиќ, гласен поддржувач на СДСМ.

Таа  јавно ја прозва нејзината партија за хаосот што го создаде во образованието.  Порача дека материјалите кои „им ги подметнаа“ на децата се срам за целото министерство, но и за Бирото за, како што рече, уназадување на образованието.

Смаиловиќ остро се противи на неспособноста на владата на премиерот Димитар Ковачевски да им испечати учебници на учениците од основното образование.

“Фала ѝ на Владата за субвенциите за авио линии бидејќи со тоа нашите деца побрзо ќе заминат од овде”, ќе заклучи оваа активистка на СДСМ.

Мерсиха Смаиловиќ е сопруга на Јасмин Реџепи и сестра на Сенад Смаиловиќ, близок соработник на поранешниот скопски градоначалник, кој беше фатен уапсен заради поседување на кокаин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.