Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорија Сајкоски, истакна дека партијата ќе повика да се гласа ЗА престанување на важноста на Договорот со Бугарија, затоа што е штетен договор за Македонија.

Референдумското прашање предлагаме да гласи и како такво денеска го усвои и потврди ИК на партијата:

 

Дали сте за напуштање на важноста на ЗАКОНОТ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ДОБРОСОСЕДСТВО И СОРАБОТКА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА објавен во Службен весник бр: 12/2018 од 18.01.2018 година?

 

ВМРО-ДПМНЕ ќе повика да се гласа ЗА престанување на важноста на овој штетен договор – вели Сајкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.