Македонија ниту е диктатура, ниту е монархија. Во Македонија не смее да владее волјата на некои сегашни и поранешни функционери, порачува шефицата на ОЈОГОКК Вилма Русковска по брифингот за новинари организиран од страна на Арафат Муареми, кој пак на новинарите им соопшти дека поднел кривична пријава против Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска.

Претходно, токму обвинителството за организиран криминал и корупција изврши претрес во работнните простории на Арафат Муареми во Финансовата полиција, но и во неговиот дом, а резултатите од претресот, Русковска вели дека е подготвена да ги соопшти на јавноста за да може токму јавноста да утврди „кој е криминалец, а кој си ја работи рабтота“.

– Јас како обвинител со стаж од повеќе од 34 години во кои обвинител за организиран криминал од самото основање на Одделението за организиран криминал на ЈОРМ далечната 2004 година, нема да дозволам лице за кое се проверува постаоувањето да ми го валка образот и честа кои долги години макотрпно сум ја градела. Честа, угледот и почитта ги имам научено од мали нозе, од моите родители кои и двајцата се бореле со фашистите. за денешна слободна и независна Македонија. Татко ми потполковник на дивизија во НОВ закопан со бугарски куршум и мајка ми партизанка која лежела во бугарски затвор и која се борела на Сремскиот фронт – вели Русковска.

Таа ги повика и амбасадите и меѓународните организации со претставништво во земјава да превземат соодветни чекори.

– Ги повикувам сите надлежни институции во државата, меѓутоа и сите меѓународни институции и амбасади пред се Амбасадата на САД и Канцеларијат на ЕУ еднаш заскогаш да се проверат сите факти и да се расчисти кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави криминалот. Исто така ја замолувам и Европската обвинителка Лаура Ковеши доколку е во можност да дојде и да ги провери сите предемти на ОЈОГОКК откако јас сум на чело на обвинителството, со посебен осврт на предметите за Рашковски, Зекири и овој најновиот за Муареми, објаснува Русковска.

Загрозувачки е овој притисок врз обвинители на ОЈОГОКК, додава Русковска, од страна на именувано лице од Владата како и мешање во предмет на ОЈОГОКК, нешто што е стриктно забрането согласно Законот за јавно обвинителство.

– Доколку владата сака државата да биде вистинска правна држава, а не правна држава прикажана преку Пи-Ар и преку медиумите вистината мора да излезе на виделина, додава шефицат на ОЈОГОКК.

Сакам да прашам, како тоа се напаѓаат клучните обвинители кои ги водеа случаите против Катица Јанева, Ременски, Рашковски и Зекири, а во исто време водат и повеќе предистраги за актуелни и поранешни високи владини функционери?, прашува Русковска.

– Токму поради овој атак и притисок врз обвинители на ОЈОГОКК треба и меѓународните институции како и Амбасадите на УСА и ЕУ сериозно да превземат мерки затоа што ова најмалку доликува на земја члена на НАТО и земја што почнала преговори за ЕУ каде владеењето на правото е императив.

Македонија ниту е диктатура, ниту е монархија. Во Македонија не смее да владее вољата на некои сегашнни или пак поранешни владини функционери за да замижуваат обвинители пред било кој криминал па тој и да е во највисоките ешалони на власта, вели Русковска.

– Во перидот што следува сум подготвена со јавноста да ги споделам информациите кои ОЈОГОКК ги има и ќе. ги обезбеди за лице за кое се проверува постапувањето, АМ, се уште директор на финансова полиција, па јавноста нека суди кој е криминалец, а кој се бори против кримнинал. Нема две вистини, никогаш – има само една. – заклучува Русковска



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.