Роланда Превала Кадриу од Алијанса за Албанците се приклучи на групата на незадоволни членови на ДУИ, објави предводникот на групата и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити.

Имаше средба меѓу мене и членката на Централното собрание на Алијанса за Албанците, Роланда Превала Кадриу, која гордо се приклучи на каузата што ја водиме!, напиша Меџити на Фејсбук.

На 24 септември минатата година, во јавноста беше објавено писмо со кое функционери на ДУИ побараа од партиското раководството да запре „војната“ во ДУИ, а одредени функционери од извршната власт да понесат одговорност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.