Скендер Реџепи пратеникот кој ја напушти партијата Алтернатива, и формираше политичка партија, подрржува укунување на техничката влада под усллов да се изгласаат и уставните измени.

Не очекувам некој драстична промена или одлука од денешниот состанок од причина што има дијаметрално-спротивни ставови и околу изборите и околу изборниот законик, истакна пратеникот и претседател на партијата „Народно движење“.

Тој додаде дека барањето евентуално на ВМРО-ДПМНЕ за да биде отстранета техничката влада би го поддржал бездруго, под услов првенствено сите денеска да одлучат за Уставни промени, со тоа што ќе одиме на нови избори со уставни промени за една европска Македонија.

„Верувам дека согласноста ќе биде околу мај, но она што за мене е најважно е да успееме да вметнеме евроинтеграциски договор и одлука за Уставни промени, што не верувам дека има таква спремност“.

ПVерува дека согласноста ќе биде изборите да се одржат околу мај.

-Меѓутоа, она што за мене е најбитно е да успееме да вметнеме евро-интеграциски договор и евентуална одлука за уставни промени, што не верувам дека има таква спремност оти изборите на одредени партии им се побитни отколку иднината на граѓаните, рече Скендер Реџепи-Зејд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.