Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) потенцира дека повикувањето на одговорност за изразено „негативно мислење“, на начинот на којшто е дефинирано во Предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета кој е во прва фаза на читање во Собранието, е спротивно на сите демократски практики и може да предизвика медиумско самоцензурирање.

Можноста за санкционирање поради искажано негативно мислење остава простор за злоупотреба и казнување на медиумските професионалци. Новинарите се гласот на јавноста и тие честопати при вршење на својата работа упатуваат критика за одредени политики или појави во општеството и на тој начин поттикнуваат јавна дебата и придонесуваат за поголема одговорност, отчетност и транспарентност на претставниците на власта, велат од АВМУ.

Правото на слобода на изразување, нагласуваат, е уставно загарантирано право и е гарантирано и со Европската конвенција за заштита на човековите права. Ова право ги опфаќа слободата на мислење и слободата на примање и пренесување информации или идеи, без мешање на јавната власт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.