Oднесувањето на амбасадорот на Шпанија го врати сеќавањето на однесувањето на дипломатите кога СДСМ беше во опозиција.Тогаш не се знаеше дали дипломатите се портпароли на СДСМ или претставници на својата земја во Македонија.

Нешто слично изигрува и Хозе Луиз Лозано Гарсија кој на јавен настап отоворено ја подджува власта иако тоа е најстрго забрането по Виенската конвенција.

Кога сме кај амбасадорот на Шпанија, наместо да говори за ЕУ треба да одговори зошто неговата земја нема ист став како Унијата во однос на надворешната политка.Конкретно по прашањето на Косово.

Гарсија да каже зошто Шпанија е една од петте земји на ЕУ што не ја признава независноста на Косово.Зошто по ова прашање не покажат единствен став? Нормално е Шпанија да не го признава Косово бидејќи тие си имаат свое „Косово“ во Каталонија. Сериозна држава не може да поддржува двојни стандарди.

Уште поголем парадокс е кога високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика,Шпанецот Жозеф Борел му соли памет на Вучиќ за Косово.  А самата ЕУ нема единтвен став на Косово.Двојни стандарди.

A најако беше кога министерот на ДУИ Бујар Османи пред последната посета на Шпанија рече дека ќе го праша официјален Мадрид зошто не го признава Косово.

Човек да не знае дали да плаче или да се смее.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.