Албанскиот премиер Еди Рама објави „селфи“ со македонскиот премиер Димитар Ковачевски од Брисел, каде што ќе присуствуваат на Самитот на Европската унија (ЕУ).

Рама кажа дека повеќе не го чекаат Годо затоа што се навикнати на оваа шарада.

„Сè уште го чекаме Годо? Не, навикнати сме на оваа шарада и повеќе од било кога сме посветени нашите земји да напредуваат и да го модернизираме регионот со непоколеблив европски дух“, објави Рама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.