Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, денеска, во Тирана, Република Албанија, беше пречекан од страна на премиерот на Албанија, Еди Рама, пред официјалното започнување на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција за Западен Балкан“.

Премиерот Џафери, во своето обраќање ќе се осврне на определеноста и посветеноста на Владата на Република Македонија за успешното спроведување на Планот за раст за Западен Балкан, со оглед на фактот дека овој План, потенцијално ќе го промени регионот и ќе го забрза неговото придвижување кон Европската Унија.

На Регионалниот состанок во Тирана, којшто е продолжување на состанокот од минатиот месец во Скопје, се лидерите на државите од Западен Балкан, како и комесарот за соседска политика и проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, но и претставници на меѓународни финансиски институции, важни за имплементација на Планот за раст за Западен Балкан.

Фокусот на разговорите на Конференцијата ќе биде на регионалната соработка и спроведувањето на Заедничкиот регионален пазар, со посебен фокус на регионалните приоритетни акции, кои ќе придонесат за постепено вклучување на економиите на земјите од Западен Балкан во единствениот пазар на Унијата, за поголема економска интеграција на Западниот Балкан, со крајна цел, социо-економски развој на целиот регион.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.