Скопска Апелација делумно ја потврдила првостепената пресуда на Граѓанскиот суд во корист на нафтената компанија „Пуцко Петрол“ против државата и Општина Карпош, објави „Фокус“.

Компанијата, која е во сопственост на семејството на пратеникот на ДУИ од Пласница, Исмаил Јахоски, ги тужеше општината и државата поради тоа што купила земјиште со намена за изградба на бензиска станица, но не успеа да ја изгради бидејќи урбанистичкиот план за тој дел од Карпош беше поништен, а не биле исполнети ниту критериумите за безбедност.

Според „Фокус“, пресудата покажува дека скопска Апелација ја потврдува првостепената пресуда – нафтената компанија, која формално се води како сопственост на Асмир Јахоски, синот на пратеникот Исмаил, треба да ги добие назад парите платени за градежното земјиште, сосе данок на промет.

Повеќе на „Фокус



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.