За потребата да се прекине со преговарањето за историјата на Охридската архиепископија во Комисијата укажува и проф. д-р Илија Велев, медиевист и византолог. Притоа, проф. Велев за „Пресинг ТВ“ укажува на два момента.

Неговата реакција доаѓа откако Охридската архиепископија стана тема за разговор во историската комисија меѓу Македонија и Бугарија, што беше жестоко нападнато како од познавачите на состојбите така и од граѓаните бидејќи се чепка во нешто што е дел од македонскиот идентитет.

 -Прво, покренувањето политички мотивиран диктат во мултидисциплинарната македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања за евентуалната „заедничка македонско-бугарска црковна историја“ на Охридската архиепископија во македонските учебници директно поттикнуваат отворање контраверзи, кои осмислено би требало да го проблематизираат духовното и црковното наслеследство на МПЦ од историскиот контекст на Охридската архиепископија.

И второ, не треба да се запостави и фактот дека хегемонистичките притисоци од страна на бугарскиот дел на Комисијата да и се надополни уште и бугарски историски контекст на Охридската архиепископија во македонските учебници и во црковноисторискиот наратив, би требало да „предизвика“ и евентуални канонски компликации во актуелните процеси за приклучувањето на МПЦ-ОА во единството на сеправославната екумена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.